Министерот Саљији се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Од:

Министерот за правда Билен Саљији денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.

На средбата Саљији му се заблагодарил на Гарет и на британската Влада за досегашниот придонес во целокупниот развој на Република Македонија, соопштија од Министерството за правда.

Саљији го известил амбасадорот и за планот и стратегијата на Владата на Република Македонија и Министерството за правда во однос на реформите во правосудство.

Од Министерството наведуваат дека Саљији го уверил Гарет дека ќе работат максимално во изградбата на едно независно и самостојно судство, подалеку од политиката, овозможувајќи им на судиите и обвинителите да работат слободно, согласно законите и начелата на правото.

Министерот Саљији од амбасадорот Гарет, како што се посочува, добил гаранции за поддршка за реформите и на сите политики кои водат кон развојот на позитивен дух во општеството.

Би можело да ве интересира

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он