Министерот Саљији на министерски форум ЕУ-Западен Балкан во Софија

Од:

Министерот за правда Билен Саљији учествува на министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Софија, Република Бугарија во рамки на Естонското претседателство со Европската унија.

Како што соопшти Министерство за правда, во рамки на сесијата посветена на областа „Правда“ се дискутира на теми поврзани со подговорност на судството и судската соработка во граѓанска и кривична материја.

– Ваквите настани, на кои ние земјите од Западен Балкан дискутираме со претставниците на Европската унија, за теми кои не обединуваат и за кои заеднички ги креираме политиките, се особено значајни и претставуваат поттик за понатамошно и засилено спроведување на критериумите за пристапување во Европското семејство, истакна министерот Саљији во својот говор.

Тој потенцира дека Министерството за правда на Република Македонија активно и интензивно работи на исполнување на предвидените реформи во областа на правосудството кои треба да ги
отстранат сите утврдени слабости и недостатоци.

– Меѓународната соработка во областа на судската одговорност и судската соработка во кривична и граѓанска материја, е клучна при воспоставувањето на добри односи меѓу државите на Балканот имајќи предвид дека споделуваме речиси слични проблеми, но и волја за нивно надминување, рече на крајот на своето излагање министерот Саљији, наведуваат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов