Министерот Салији се сретна со амбасадорката Суомалаинен

Од:

Министерот за правда Билен Салији и амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Суомалаинен на денешната средба во Скопје разговарале за актуелната политичка состојба во земјава.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата било разговарано за Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, за Законот за обвинителството и за Законот за навреда и клевета.

Двајцата соговорници размениле мислења и за законите кои се произлезени како резултат од извештајот на Прибе, итните и приоритетните реформи и Венецијанската комисија.

Министерот Салији и се заблагодарил на амбасадорката Суомалаинен за посетата и изразил подготвеност за соработка во разрешувањето на сите проблеми во рамките на надлежностите на Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Филков: Има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик

А1он

Министерството за правда до Владата испрати предлог за разрешување на Коцевски

Катерина Ѓуровски

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

А1он

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески