Министерот Попоски во работна посета на Германија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска престојува во дводневна работна посета на Сојузна Република Германија.

За време на посетата министерот Попоски предвидено е да оствари средби со неговиот германски колега, сојузниот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, со претставници од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, како и со членови на Комисијата за ЕУ и пратеници од германскиот Бундестаг.

На средбите со германските соговорници министерот Попоски ќе ги пренесе македонските очекувања за поддршка од Германија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори на претстојниот Самит на ЕУ во јуни оваа година, при што ќе ги повтори нашите ангажмани и агенда во исполнувањето на потребните обврски во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ