А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Попоски во посета на Виетнам и на Индонезија

by А1он11/11/2012 - 11:02195
Share0

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски утре ќе престојува во официјална посета на Социјалистичка Република Виетнам, што ќе оствари и дводневна посета на Република Индонезија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Добивај вести на вибер

За време на посетата на Ханој, министерот Попоски ќе оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи на Виетнам, Фам Бин Мин. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за актуелните билатерални прашања од интерес на двете земји, како и за можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу Македонија и Виетнам, со посебен акцент на економската соработка и трговската размена. Покрај тоа ќе се разговара и за заокружување на договорната состојба, посебно во сферата на економијата.

Во тек на престојот во Виетнам, планирано е Попоски да биде примен од претседателот на Виетнам, Трунг Тан Санг, а ќе оствари одвоени средби и со високи претставници на министерствата за планирање и инвестиции и за индустрија и трговија. Ќе одржи и презентација во виетнамската Комора за трговија и индустрија за можностите на македонското стопанство, условите за водење бизнис, водечките индустриски сектори и приоритетите на националната економија во глобалните светски економски текови.

При посетата на Џакарта, министерот Никола Попоски ќе оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи на Индонезија, Марти Нателагава. На средбата се очекува да бидат разменети мислења околу можностите за натамошен развој на севкупните односи меѓу Македонија и Индонезија, со посебен акцент на зајакнување на соработката на полето на економијата, трговската размена, културата, образованието и науката. Исто така, ќе се разговара за можностите за заокружување на правната рамка и потпишување нови билатерални договори меѓу двете земји во областа на заштитата на инвестициите и избегнување на двојното оданочување.

Министерот Попоски треба да оствари одвоени средби со спикерот на Парламентот, Тауфик Киемас и со министерите за трговија и за економија на Индонезија, а исто така ќе одржи економска презентација во Индонезиската комора за индустрија и трговија.

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, се очекува на средбите во двете земји да бидат разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

 

mnr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 16:4305/07/2025 - 17:16

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски04/07/2025 - 18:2704/07/2025 - 18:31

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ15/06/2025 - 15:2615/06/2025 - 15:31

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски13/06/2025 - 09:4513/06/2025 - 11:34

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски17/03/2025 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен