Министерот Попоски во Њујорк се сретна со амбасадорите на Источно-европската група на ОН

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк разговараше со амбасадорите на земјите од Источно-европската група на Обединетите нации, во функција на промоција на кандидатурата на Република Македонија за членство на Советот на човекови права за периодот 2014-2016.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата се говореше за постигнувањата во областа на унапредувањето и заштитата на човековите права во Македонија, за приоритетите и за заложбите за унапредување на националните и меѓународни политики во оваа сфера.

Министерот Попоски изјави дека Република Македонија доколку биде избрана за членка во Советот, ќе работи одговорно и транспарентно во постојана комуникација со земјите членки на ОН, во функција на активен и одговорен член.

На прашање поставено од амбасадорот на Естонија дали Република Македонија ќе придонесе за зголемување на транспарентноста и соработката со невладиниот сектор во процесот на Универзалниот Периодичен Извештај, министерот Попоски нагласи дека секогаш постои простор за подобрување и дека во таа смисла транспарентниот пристап е клучен аспект на кој што Владата е посветена.

Дополнително Попоски истакнал дека нашата земја е подготвена и има капацитет за одржување и промоција на највисоките стандарди за човековите права, а исто така подвлече дека за време членството во Советот за човекови права ќе допринесе со конкретни резултати.

Амбасадорите, како што се наведува во соопштението, изразија поддршка за кандидатурата на Република Македонија за Советот на човекови права притоа нагласувајќи дека македонското искуство на полето на заштитата и промоцијата на човековите права ќе придонесе во работата на Советот. 

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време