Министерот Попоски учествува на Бледскиот стратешки форум

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествува на Бледскиот стратешки форум  во Блед, Словенија, политички настан кој во изминатите осум години прерасна во значаен инструмент за стратешки дијалог за прашања од значење за регионот.

Како што информира МНР, на Форумот ќе учествуваат и други министри и високи претставници од земјите во регионот и пошироко, како и од јавниот и приватниот сектор.

– Форумот, во заедничка организација на Министерството за надворешни работи на Словенија и Центарот за европска перспектива од Блед, има за цел да овозможи комуникација и размена на искуства на високо ниво со цел полесна интеграција на регионот во разни сегменти, особено економскиот, соопшти МНР.

Се очекува министерот Попоски со свое обраќање да учествува во панелот посветен на иднината на Западен Балкан – како до подобра регионална соработка.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија