Министерот Попоски се сретна со израелскиот амбасадор Амрани

Од:

Билатералните односи со акцент на економската соработка биле во фокусот на денешната средба во Скопје на мнистерот за надворешни работи Никола Попоски со нерезидентниот амбасадор на Државата Израел за Република Македонија со седиште во Загреб, Јоси Амрани.

Како што соопшти МНР, на средбата беше заеднички изразено задоволство од исклучително позитивниот и успешен тренд на билатералните односи меѓу двете земји, кои ги карактеризира цврсто пријателство, взаемен респект и меѓусебно разбирање, како и сé поинтензивната размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатиот период.

– Особено внимание беше посветено на економската соработка, трговската размена и привлекувањето на израелски инвестиции во Република Македонија, при што беше истакната потребата од почести посети на израелски бизнисмени на Република Македонија и искористување на можностите за инвестирање во државата. Исто така, беше пренесена нашата заинтересираност за отворање амбасада на Израел во Република Македонија, со што ќе се даде нов импулс во меѓусебните односи, се вели во соопштението.

Во однос на договорната состојба меѓу двете земји, било потврдено дека по стапување на функција на новоизбраниот заменик министер за надворешни работи на Израел Зеев Елкин, ќе биде потпишан веќе усогласениот Договор за заемна заштита на инвестициите и Договорот за одбегнување на двојно оданочување.

Заеднички констатирале одлична соработка на мултилатерален план, како и заемното разбирање и блискост на погледите по одредени прашања од меѓународен интерес.
Од меѓународните теми, двајцата соговорници се осврнале на регионалните случувања во Југоисточна Европа, како и на Блискиот Исток, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија