Министерот Попоски се сретна со финскиот амбасадор Рајакангас

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Финска во Република Македонија со седиште во Загреб, Тимо Рајакангас.

Како што соопшти МНР, на средбата заемно беше оценето дека добрите политички односи меѓу Македонија и Финска претставуваат основа за подинамичен развој на меѓусебната соработка, особено во економска сфера.

Министерот Попоски нагласи дека Република Македонија особено ја цени и е благодарна за поддршката и помошта од Република Финска за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија, информирајќи истовремено за напорите и конкретните достигања на нашата земја на тој план. Притоа, министерот Попоски изразувајќи задоволство од досегашната соработка во реализацијата на твининг проекти го нагласи интересот за продолжување на ваквата соработка за подигнување на капацитетите на македонската администрација во процесот на европската интеграција.

Според соопштението, амбасадорот Рајакангас ја повтори принципиелната определба на Финска за поддршка на процесот на проширување на Европската Унија и во тој контекст силната поддршка на што поскорото отпочнување на пристапните преговори за членство на Република Македонија во Унијата, што би довело до интензивирање на реформските процеси во земјата и би било во корист на Регионот.

На средбата стана збор и за актуелните состојби во нашиот регион и пошироко во светот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани