Министерот Попоски се сретна со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој го честиташе изборот на новата Влада и посака продолжување на успешната соработка.

Брет, посочуваат од МНР, информираше за неговиот претстоен настап пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 24 јули, на кој ќе го презентира Годишниот извештај за работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Соговорниците разменија мислења за содржината на извештајот. Високо беше оценета соработката при подготовката на законите од медиумската сфера и изборното законодавство. Фокусот во тековниот период е и во делот на спроведување на Стратегијата за интегрирано образование, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и учество во јавните дебати околу предложените Уставни измени, соопшти МНР.

Министерот Попоски, се нагласува во соопштението, се заблагодари за отворениот дијалог и ја истакна добрата соработка и контактите кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги има со институциите и изрази очекување за балансираност на Годишниот извештај.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија