Министерот Попоски на состанок на ПСЈИЕ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Букурешт ќе учествува на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Се очекува на состанокот да бидат разменети мислења за актуелните случувања во регионот и регионалната соработка во рамки на оваа најширока регионална платформа. Ќе се разговара и за улогата на земјите – членки на ЕУ од регионот во процесот на проширување на Унијата.

Во пресрет на Самитот на ПСЈИЕ, министерот Попоски ќе ги произнесе видувањата на Македонија во контекст на унапредувањето на регионалната соработка во рамки на Партнерството со кое претседаваше минатата година.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ