А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Попоски на Конференција во Берлин

by А1он22/11/2012 - 10:18146
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска и утре, ќе учествува на Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, што во организација на Институтот АСПЕН, се одржува во Берлин.

Добивај вести на вибер

На Конференцијата, Попоски ќе има свое излагање во рамките на панел дискусијата на министрите за надворешни работи, насловена „Quo Vadis, Западен Балкан?“, на која ќе се осврне на моменталната состојба во евроинтегативниот процес на Македонија.

Свои обраќања на панелот се очекува да имаат и министрите за надворешни работи на Германија, Унгарија, Турција, Словенија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Хрватска.

За време на Конференцијата ќе се одржи и втор економски панел насловен „Регионалната соработка и економските можности за развој во Југоисточна Европа“, а предвидени се и два модула за „Етничко малцинство, идентитет и помирување во Југоисточна Европа“ и „Проценка на моменталната состојба со евроатлантските интегративни процеси.“

Конференцијата е продолжување на праксата на АСПЕН Институтот за организирање на редовни меѓународни конференции за процесите и предизвиците на евроинтегративните процеси во земјите од Западен Балкан.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен