Министерот Попоски на форум „ Европска енергетска безбедност“ во Дубровник

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на форумот „Европска енергетска безбедност“ што од вчера се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Како што соопшти МНР, предвидено е Попоски да има обраќање, а покрај домаќинот, првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Шведска, Турција, Унгарија, Латвија, Албанија, Црна Гора, како и други високи претставници од повеќе европски земји.

Традиционалниот годишен Форум оваа година се фокусира на енергетскиот сектор кој има се поголема улога во дефинирањето на политиката во 21-от век. Стабилни, сигурни и одржливи извори на енергија се клучни за стабилноста на Европа што е важно и за европската конкурентност со оглед на зголемената потреба за енергија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија