А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Павлески на Економскиот форум за Западен Балкан во Минхен

by А1он20/10/2016 - 16:19124
Share0

Многу германски компании веќе ги препознаа и ги искористија инвестициските можности што ги нуди Македонија како идеална локација со најповолни фискални, даночни и оперативни  можности кои ги подобруваат економиите  на компаниите, правејќи ги поконкурентни и попрофитабилни на глобалниот пазар, истакна министерот за странски инвестиции Бил Павлески на Економскиот форум за земјите од Западен Балкан во Минхен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како главен говорник на настанот, откако ја претстави македонската економија, Павлески нагласи дека повеќе германски компании се веќе присутни во земјава со свои производствени капацитети и се најголеми работодавци кои отвораат нови работни места.

Република Македонија, рече, е растечка европска економија и втора најдобро рангирана во областа за почнување бизнис во светот според извештајот Дуинг бизнис на Светската банка. 
Министерот ги запозна присутните со економските политики и инвестициските можности, осврнувајќи се на макроекономската стабилност, поволниот даночен систем, современите административни, регулаторните реформи и вложувањето на Владата во образованието и во активните мерки за зголемување на вештините на работната сила.
Се осврна и на глобалните бизнис трендови, како и на тековниот социјален, политички и економски развој во Западен Балкан во контекст на релевантните предизвици во ЕУ и нејзиното соседство, со акцент на нивното влијание на конкурентноста на германските компании на глобалниот пазар.
На Форумот учествуваа околу 150 претставници од стопанството и политиката од Баварија и Западен Балкан. Го отворија министерот за европски прашања и односи на регионално ниво Беате Мерк и претстедателот на Стопанската комора за Минхен и горна Баварија Еберхард Засе.
Форумот го организира Државната канцеларија на Баварија, Министерството за економија, медиуми, енергија и технологија на Баварија и Баварската индустриска и трговска комора, во соработка со амбасадите на земјите од Западен Балкан.
За време на работната посета на Баварија во чии рамки учествуваше на Економскиот форум, министерот Павлески ќе има и директни средби со менаџерите на неколку германски компании.
Баварија е еден од индустриски најразвиените делови на Германија и регион во кој дејствуваат огромен број компании од автомобилската, електронската и машинската индустрија кои би можеле да ја препознаат Македонија како инвестициска дестинација. Павлески ги повика германските бизнисмени да ја посетат Македонија и да ги искористат нејзините компаративни предности и да инвестираат.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео