А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Нухиу на Салцбуршки форум во Сараево

by А1он07/04/2017 - 14:4586
Share0

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Агим Нухиу денеска учествува на конференцијата на министри за внатрешни и за надворешни работи во рамки на Салцбуршкиот форум што се одржува во Сараево.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во своето обраќање, министерот Нухиу оцени дека заканата од насилен екстремизам е комплексна и оти тој е во можност да ги дестабилизира државите и да предизвика насилство.

– Во услови на глобализација на светот, поврзаноста на екстремизмот со тероризмот, верскиот радикализам и национализмот претставува сериозна закана која ги надминува националните рамки и поприма меѓународна димензија. Македонија во континуитет е изложена на асиметрични закани кои произлегуваат од зачестеното манифестирање на етничка нетрпеливост, верска нетолеранција и екстремизам, кои создаваат погодно тло за радикализација која може да доведе до тероризам, истакна Нухиу.

Македонскиот министер за внатрешни работи посочи дека Македонија во 2015 година се соочила со неконтролиран прилив на огромен број бегалци и мигранти, но оти постои реален ризик од повторно создавање на бегалски бран годинава. За справување со предизвиците, според Нухиу, потребна е координирана регионална соработка и заедничка безбедносна стратегија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Тргнувајќи од искуствата со мигрантската криза од 2015 година, при реализација на вакво сценарио, Република Македонија би била една од најпогодените држави на т.н „Балканска рута“. Ефикасната превенција и сузбивање на појавните облици на овие феномени подразбира координирана регионална соработка и постојана надградба на нормативните и институционални капацитети, како и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците, рече министерот Нухиу.

На конференцијата во Сараево се дебатира за предизвиците поставени од екстремизмот и тероризмот.

mvr

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео