Министерот Нухиу на промоцијата на дипломираните студенти од Факултетот за безбедност

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска присуствуваше на свечената промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност.

Како што соопшти МВР, Нухиу истакнал дека Министерството како институција е отворено за целосна и континуирана соработка со Факултетот за безбедност во име на заедничките цели што ги споделуваат двете институции – високи образовни и едукативни стандарди следствено на современите трендови во областа на безбедноста.

– Ниту едно општество не може да се надева на успех без следење и практично имплементирање на нови научно-истражувачки сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето кои ја сочинуваат институцијата и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката, што впрочем се потврдува низ практиките на современите и развиени општества. Особено што безбедноста претставува не само обемна, туку и прилично динамична сфера на работа. Се надевам дека многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава, истакнал министерот Нухиу.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он