Министерот Нухиу на националната вежба за проценка на ризици и вежби за управување со кризни ситуации

Од:

Зајакнување на заштитата и подготвеност за терористички напади чија цел се индустриски системи за контрола е во фокусот на симулацијата која се одржува во Скопје на 27 и 28 март, 2017 година. Дваесет и шест експерти од различни државни институции и претставници на приватниот сектор, вклучувајќи оператори, даватели на услуги и сопственици, учествуваат во националната вежба организирана од Одделот за транснационални закани на ОБСЕ, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во текот на симулацијата, учесниците ќе бидат во можност да ја тестираат ефикасноста на нивните постоечки системи за заштита и управување со кризи, вклучувајќи и координација со надворешни механизми. Симулацијата, исто така, има за цел понатамошно подобрување на партнерството меѓу јавниот и приватниот сектор, обезбедување поголема заштита и зголемување на флексибилноста на националната енергетска инфраструктура.

„Денес, сајбер-тероризмот, како средство за постигнување на политички и економски цели преку употреба на информатичката и комуникациска технологија, станува водечка закана за безбедноста на земјите, како на национално, така и на глобално ниво“, рече министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој зборуваше на отворањето.

Стивен Дејвис, раководител на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, рече: „Оваа вежба на ОБСЕ има цел да понуди искуство од прва рака за слабостите на клучните ненуклеарни енергетски инфраструктурни објекти од терористички напади кои потекнуваат од сајбер-просторот и унапредување на националниот капацитет да се одговори на ваквите напади“.

Оваа симулација е дел од серијата на национални вежби организирани за земјите членки на ОБСЕ од Одделот на ОБСЕ за транснационални закани, развиени врз основа на Водичот за добри практики за заштита на клучни ненуклеарни енергетски инфраструктурни објекти од терористички напади со фокус на заканите кои произлегуваат од сајбер-простор.

Би можело да ве интересира

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните