Министерот Незири се сретна со генералниот секретар на Светската туристичка организација, Рифаи

Од:

Министерот за економија Беким Незири денеска се сретна со генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи, кој е во посета на Република Македонија.

Незири изрази задоволство од континуираното зголемување на бројот на туристи во Република Македонија во последните три години, што сепак не би можело да биде финална цел за државата која има толкав туристички потенцијал, соопшти Министерството за економија.

– Бележиме просечно зголемување на бројот на вкупните посетители од 5 отсто, додека само за последната 2013 година имаме зголемување од 5,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 13,8 отсто. И според последниве податоци, бројот на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13,1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 13 отсто. Она што е особено важно да се потенцира е што минатата година за првпат бројот на туристи ја надминава бројката од 700.000 туристи, која беше и главна цел согласно Стратегијата за развој на туризмот, истакна Незири.

Според генералниот секретар Рифаи, Република Македонија поседува неверојатен капацитет од аспект на туризмот и има уште многу да понуди. Светската туристичка организација, како што се наведува, е подготвена да даде поддршка за се што е неопходно за побрз туристички развој и преку взаемна соработка да се изработи практичен план во насока на целите на оваа земја, односно како тие цели да се достигнат.

– Република Македонија ќе ја има нашата поддршка на сите саемски манифестации, форуми и меѓународни конференции во наредниот период, а следна таква активност е форумот во Тирана во октомври, каде би сакал да учествува и вашата земја, истакна Рифаи.

Според Рифаи, Македонија бележи значителен прогрес, особено во инфраструктурата и во туристичките услуги, а во следниве години фокусот на туризмот треба да бидат макродестинациите, со оглед на тенденциите на туристите да менуваат неколку дестинации во текот на едно патување.

Имајќи ги предвид неколкуте атрактивни туристички дестинации, како што се Охрид, Шапка, Старата скопска чаршија, министерот за економија изрази интерес и волја да се направи се што е потребно за да се зголеми бројот на туристи и изрази благодарност за поддршката што Република Македонија ја има од Светската туристичка организација, чија членка е од 1995 година. Министерството за економија во 2009 година од страна на СТО доби поддршка во изготвување на Стратегијата за развој на туризмот за 2009-2013, која се ревидираше во 2011 година, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите