Министерот Кралев во посета на Виница и Карбинци

Од:

Министерот за образование и наука, Панче Кралев денска ги посети општините Виница и Карбинци. Во село Градец, Виничко присуствуваше на пуштањето во употреба на реновираната спортска сала во ОУ „Славчо Стојменски“.

– Вкупните средства наменети за оваа активност изнесуват приближно 3,5 милиони денари, со што е ставена во функција спортска сала која во иднина ќе ја користат стотина ученици и жители на село Градец, изјави Кралев и додаде дека во изминатиов период во општина Виница Министерството вкупно инвестираше приближно шест милиони денари и за промена на столаријата во училиште во село Истибања и реконструкција на подот во гимназијата во ценатор на градот.

Во ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци, започна реализацијата на Проектот „Нансен модел за интегрирано образование“ кое се пренесува преку вон наставни активности на ученците од различни етничко потекло.

– Резултати на терен покажуваат дека е позитивно рангиран не само од учениците, туку и од родителите и има позитивен ефект на целата средина, изјави Кралев.

Нансен моделот кој во земјава се имплементира веќе две години, овозможува запознавање на децата со различностите на јазикот и културата, освен преку настава и преку заеднички екскурзии и кампови на мултикултурата.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска