Министерот Кралев на меѓународен форум за високо образование во Брисел

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска ќе се обрати на меѓународниот форум SEELS (South East European Law School) во Брисел, на тема „Случувања во националната политика за високото образование во земјите од Југоисточна Европа во контекст на европската интеграција“.

Форумот е насловен „Регионално вмрежување и академска соработка во Југоисточна Европа: Промовирање  европски вредности во високото правно образование“ и се одржува во организација на Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft for Internationale  Zusammenarbeit).

Покрај Кралев, на форумот учествуваат и претставници на министерствата за образование и наука од Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија и од Босна и Херцеговина, како и на неколку универзитети и правни факултети од земјите од Југоисточна Европа и од SEELS мрежата.

МОН информира дека Кралев вчера, во рамки на тридневната посета на Белгија, имал средба со ректорите на универзитетите Лувен и Гент – Марк Ваер и Пол Ван Кауенберг, со кои разговарал за можноста за размена на студенти и професори, стипендии, соработка во научно-истражувачки проекти и програми и стекнување заеднички дипломи.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска