Министерот Кралев ги посети учесниците на Студентските спортски игри во Охрид

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска ги посети учесниците на Студентските спортски игри „МСИ 2013“ што по 16-ти пат се одржуваат во Охрид. Притоа тој истакна дека е импресивно учеството на студенти од сите универзитети во Република Македонија, како и фактот што оваа традиција секоја година бележи се поголем број учесници.

– Масовноста само ја потврдува позитивноста на оваа иницијатива. Спортските игри го имаат предзнакот на ангажман насочен кон поттикнување на студентскиот соживот, но и натпреварувачкиот дух меѓу младите во земјата, рече Кралев. Посочи дека  манифестацијата е организирана од Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но дека Министерстовото и натаму ќе ја поддржува во рамки на своите можности.

–  Ова е место каде студентите не само што можат да ги покажат своите спортски вештини, туку и да се дружат и да се запознаваат со свои колеги од другите факултети и универзитети, затоа што студентскиот живот секаде во Македонија е со истите проблеми, рече ректорот на Скопскиот универзитет  Велимир Стојкоски.

На најмасовната студентска спортска манифестација во државата оваа година учествуваат над 500 студенти од „Св. Кирил и Методиј“ и од државните универзитети во Штип, Битола и Охрид, како и од некои приватни високообразовни установи.

– Како гости се присутни и претставници на студентски унии од соседните држави. Тука собираат искуства за начинот на организирање вакви манифестации што кај нас веќе се традиција, рече Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.

Студентските спортски игри беа отворени на 28 март,  а ќе се одржуваат до 1 април. Опфаќаат повеќе дисциплини – футсал, кошарка, ракомет и одбојка во двете категории – мажи и жени, како и натпревари во пинг-понг и шах.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска