Министерот Јанакиески во посета на Свети Николе

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески денеска беше во работна посета на Општина Свети Николе и селото Ерџелија, каде што се изгради канализациона мрежа во должина од 7 километри.

– Денеска сме заедно со градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев во село Ерџелија, каде што е изградена канализациона мрежа во должина од 7 километри, а инвестицијата чини 600.000 евра. Се договоривме заедно со населението од 1. октомври да почне приклучувањето на канализационата мрежа, изјави Јанакиески.

Тој нагласи дека ова е еден од 32-та проекти кои се реализираат во земјава со средства од ЕБОР. Проектите се со вредност од 50 милиони евра, истакна, а се со цел за подобрување на водоснабдувањето и изградба на канализациони мрежи.

Прашан до каде е постапката со Карго аеродромот, кој треба да се гради во близина на селата Ерџелија и Мустафино, Јанакиевски рече дека мерењата на терен ќе се одвиваат до 2023 година.

– Тој процес го следиме и им даваме постојано податоци на концесионерот ТАВ, бидејќи се инсталираше и автоматска мерна станица за да се мерат ветровите, односно по меѓународните стандарди на ИКАО. До 2023 година треба да завршат мерењата и потоа да започне изградбата на Карго аеродромот, информира Јанакиески.

Што се однесува за становите во Штип и Битола, кои се изградени за лицата кои примаат социјална помош, потоа за деца без родители и за самохраните родители, министерот Јанакиески појасни дека постапката се уште е во Управниот суд, каде што течат жалбените постапки од оние граѓани кои не добија решенија за становите. Тој очекува оваа постапка да заврши во октомври, по што ќе следи и доделување на клучевите за граѓаните кои добија решенија за користење на становите.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска