Министерот Хани жали што Тетово не го обжали решението на Инспекторатот за Харадинај

Од:

Со оглед дека општина Тетово не ја искористи законската можност во рок од три дена да поднесе жалба на Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа за стопирање од извршување на Одлуката на Советот на општина Тетово од 31 јануари со која Рамуш Харадинај беше прогласен за почесен граѓанин на општината, локалната власт на општина Тетово се согласува со Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Општина Тетово има законски рок од 3 дена да го обжали Решението на Државниот инспекторат, со што на министерот за локална самоуправа му се дава законски основ, во второстепена постапка да го поништи Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

И покрај постојаната комуникација со локалната власт на општина Тетово, жалам што тие не покажаа воља да поднесат жалба во законскиот рок, како услов министерот за локална самоуправа да го поништи Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа. За жал, таквото, политички неодговорно однесување на локалната власт на општина Тетово, не по прв пат ги доведува во прашање интересите на општината и на нејзините граѓани.

Во секој случај, како министер за локална самоуправа ќе ги искористам сите мои законски надлежности за преиспитување на Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа и на директорот Ванчо Шехтански.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски