Министерот Џери Наумоф промовираше нова инвестиција во општина Битола

Од:

Министерот Џери Наумоф задолжен за странски инвестиции, заедно со група млади бизнисмени и истражувачи со македонско потекло кои живеат во САД и Канада денеска во општина Битола ја претставија канадската компанија „Космик Девелопмент“ која во иднина ќе соработува со локалната самоуправа и Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Канадската компанија „Космик Девелопмент“ работи во Скопје од 2011 година со 70 вработени лица, а наскоро, најави министерот Наумоф, нивната дејност ќе биде проширена и во Битола.

– Оваа компанија има светски познати клиенти како што се „Микрософт“ и „Јахоо“, многу креативни студија и е позната како втора најдобра компанија вработувач во Република Македонија за 2012 година. Младите луѓе во Македонија се високо интелигентни и имаат желба да работат во високотехнолошки и добро платени креативни индустрии и затоа се фокусираме на технологии за да ги задржиме талентираните Македонци да не ја напуштаат Македонија, посочи министерот Наумоф.

Според него, синергијата меѓу претприемачката компанија, градоначалникот и прогресивниот универзитет бил одлучувачкиот фактор за отпочнување на новата инвестиција во Битола, додека пак според градоначалникот Владимир Талески новата инвестиција е потврда на континуитетот странски инвестиции во Битола.

– Како општина ќе го обезбедиме просторот каде ќе биде лоцирана идната компанија за да овозможиме најдобри услови за работа. Новата современа технологија ќе помогне да се обезбедат нови работни места за младите битолчани. Важноста на овој проект е во тоа што е инициран од млади луѓе со македонски корени кои сакаат низ личен пример да покажат и потврдат дека Македонецот со својата интелигенција и способност може да биде светски успешен, истакна градоначалникот Талески.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски