Министерот за одбрана Талат Џафери на верниците од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости.
– Заедничкото одбележување на рамазанските пости со граѓани кои не се припадници на исламската заедница потврдува дека Република Македонија е општество кое ги почитува традициите на соживот и толеранција, општество кое на највисок степен ги издигнува моралните и хуманите вредности, разбирањето и, пред сè, солидарноста со сиромашните, стои во честитката упатена од министерот за одбрана Талат Џафери.