Министерот Џафери на воена показна вежба во Хрватска

Од:

Во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за одбрана Талат Џафери присуствуваше како гостин на воена показна вежба што ја организираа Хрватската воена морнарица, Хрватското воздухопловство и противвоздушна одбрана и Баталјонот за специјални операции. Џафери оствари средба и со својот колега, министерот за одбрана на Хрватска, Анте Котромановиќ.

Министерството за одбрана соопшти дека на средбата било разговарано за одличната соработка помеѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, на билатерален, но и на регионален и мултилатерален план.

Џафери изразил благодарност за поддршката од Министерството за одбрана на Хрватска во делот на военото образование на старешините на АРМ, како и за преземање на водечката улога во БРААД- иницијативата.

– Воедно беше истакнато значењето на континуираниот заеднички придонес на нашите две земји во операциите кон глобалната безбедност и мир, и заедничките ангажмани во операцијата ИСАФ. Од хрватска страна беше истакната силната поддршка за Република Македонија кон евроатлантските интегративни напори, со надеж дека во најскоро време Република Македонија ќе се приклучи во семејството на Алијансата, информира Министерството за одбрана.

Министерот Џафери го информирал својот колега Котромановиќ за претстојната конференција на министерствата за одбрана на земјите кои се дел од Јадранската група.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски