Министерот Џафери на тркалезна маса „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година“

Од:

Безбедносните предизвици, закани и ризици со кои се соочува Република Македонија на подолг рок, предизвиците поврзани со безбедноста на Регионот и Евроатланската област, предизвикот на нашиот пат кон полноправната интеграција во НАТО и во ЕУ, и како Република Македонија придонесува кон справувањето со актуелните безбедносни предизвици во евроатлантската област.

Ова беа темите на кои се фокусираше министерот за одбрана Талат Џафери денеска на тркалезната маса на тема „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година“ одржана на Факултетот за безбедност.

Според Џафери, некои безбедносни предизвици, ризици и закани не можеме да ги идентификуваме како директни закани по националната безбедност, туку почесто тие се гледаат и идентифукуваат како закани по економскиот просперитет и квалитетот на животот на луѓето.  Денешниот современ свет, подвлече, се карактеризира со брзи, комплексни и динамични промени и се соочува со нови асиметрични закани и ризици кои се во пораст.

Тероризмот, транснационалниот организиран криминал, војна од четврта генерација, пролиферација на оружје за масовно уништување, верски радикализам и екстремизам, илегална миграција, нестабилни и нефункционални држави и компјутерски напади се само дел од нив. Во современите глобални предизвици, рече меѓу другото, може да се вброи и светската финансиска меѓузависност што се одрази и преку кризата од 2008 година. Потребата за безбедност денес е универзална – ниедна земја, нагласи, не може да биде комплетно изолирана од новите безбедносни предизвици.

– Нашата земја, која не е соочена со директна (конвенционална) закана за нејзината безбедност, има потенцијали, полн политички и национален консензус и безбедносни инструменти за прилагодивање и одговор по безбедносните предизвици и во тој контекст активно да придонесува во рамки на колективните напори за справување со современите предизвици, закани и ризици, рече Џафери.

Се очекува, посочи, во наредните 10 години и потоа, безбедносните предизвици да се манифестираат во диспаритетот помеѓу приходите и расходите, хроничната фискална нерамнотежа, зголемувањето на ефектите на стаклената градина, кризата во водоснабдувањето, неконтролираното ширење на оружјето за масовно уништување, растечкиот дисбаланс во владеењето помеѓу силните и слабите држави, и широката распространетост на етнички и религиозни омрази помеѓу населението, кои што го хранат тероризмот.

Според процената на НАТО, истакна Цафери, глобализацијата, новопојавените безбедносни предизвици, изворите за нестабилност и потенцијалните конфликти, заедно со постоечките закани и предизвици, ќе продолжат да придонесуваат за непредвидливоста на безбедносното опкружување на Евроатлантската област, вклучително и Регионот на Југоисточна Европа.

– Денес, во Регионот се уште доминираат безбедносните предизвици поврзани со националната безбедност и нивните импликации по регионалната стабилност. Нешто за кое сите се согласуваат е дека иднината на Балканот е во ЕУ и во НАТО.  Брзината на движењето напред во услови на скептицизам за проширување и економска криза останува предизвик на кој одговор ќе мора да бара секоја земја-кандидат поединечно, смета министерот за одбрана.

Тој смета дека и покрај евроатланските перспективи на земјите од Регионот, НАТО и ЕУ имаат се уште незавршени работи, кои се поврзани со актуелни безбедносни предизвици на земјите од Регионот, а на кои треба да им се посвети поголемо внимание како: стабилноста, помирувањето, надминување на национализмот и нетолеранцијата и промовирањето на меѓусебното разбирање и политичкиот дијалог, доброто владеење, владеење на правото и почитувањето на малцинските и човековите права.

Дел од безбедносните предизвици со кои се среќава Република Македонија на нејзиниот пат кон евроатланстката интеграција, констатира Џафери, произлегуваат од процесот на транзиција, од забавениот економски развој, и од присуството на одредени девијантни појави во Регионот како што се: организираниот криминал, коруптивното однесување, трговијата со луѓе, со наркотици и со оружје и друго.

– Како министер за одбрана на Република Македонија цврсто сум убеден дека НАТО и ЕУ повеќе од две декади претставуваат клучни фактори во справувањето со безбедносните предизвици, ризици и закани и во одржувањето и зајакнувањето на безбедноста и стабилноста не само во Република Македонија, туку и пошироко, рече меѓу другото Џафери.

Република Македонија, информира тој, во континуитет ги развива своите демократски институции кои овозможуваат владеење на правото, почитување на човековите права и слободи, економски развој и соживот. Со имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, подвлече, воспоставени се трајни односи за изградба на демократско мултиетничко општество и владеење на правото.

– Треба да останеме внимателни и подготвени да се соочиме со заканите врз безбедноста на нашата земја и континуирано да ги следиме глобалните трендови и можности за развој и унапредување на потребните одбранбено-безбедносни способности и капацитети, изјави министерот Џафери.

Тој потсети дека Република Македонија од 2002 година наваму од консумент, прерасна во извозник на безбедноста. Во моментов, има распоредено околу 180 мировници или околу 3 проценти од севкупниот персонал на копнените сили распоредени во четири меѓународни операции и тоа ИСАФ, АЛТЕА, УНИФИЛ и придонесот кон КФОР. Армијата продолжува со динамичниот процес на трансформација и континуиран развој на способности и капацитети за справување со безбедносните предизвици, ризици и закани. Развојот на 50 проценти распоредливи и 8 проценти одржливи какпацитети остануваат наши фундаменталени принципи во остварување на целокупната интероперативност во одбраната и безбедноста.

–  Република Македонија мора да се посвети на континуирана процена и пратење на безбедносните предизвици во нејзиното поблиско и пошироко опкружување кои непосредно влијаат на безбедносната иднина на државата, потенцира Џафери, охрабрувајќи ги експертите да продолжат со истражување на оваа тема со цел да се изнајдат поефикасни механизми и процедури за справување со безбедносните предизвици.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски