Министерот Димитров во посета на Германија

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре прстојува во работна посета на Германија. Посетата следи по поканата на претседателот на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.

Димитров ќе се обрати пред членовите на Комисијата за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, при што ќе се осврне на најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, процесот на имплементација на договорот од Преспа и реформската агенда поврзана со интеграцијата во ЕУ и НАТО.

За време на посетата министерот Димитров ќе оствари средба и со неговиот хомолог, германскиот министер за надворешни работи – Хајко Мас, како и со Јан Хенкер – советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Ангела Меркел. Ќе се сретне и со раководните лица на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, како и со специјалниот координатор на активностите на Германско-француската канцеларија за млади (German-French Youth Office) во регионот на Југостична Европа, Франк Моравjец.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ