Mинистерот Димитров се сретна со шефот на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Јанковиќ

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковникот Зоран Јанковиќ.

На средбата, соопшти МНР, Димитров упатил задоволство од конструктивната улога и поддршката на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, која преку својата советодавна улога значително учествува во подготовките на земјата за членство во НАТО.

Во оваа пригода заеднички била констатирана успешната соработка, подвлекувајќи ја важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, кој е особено важен за Република Македонија, кога се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство на земјата во Алијансата.

Министерот Димитров информирал за преземените чекори и активности од пристапниот процес, потенцирајќи го едновремено очекувањето наскоро Република Македонија да стане полноправна 30-та земја членка на Алијансата.

Тој исто така ја реафирмирал посветеноста на Република Македонија да продолжи со имплементација на позитивната динамика како наш придонес кон регионалниот и глобалниот мир, безбедност и стабилност.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија