Министерот без ресор Самка Ибраимовски се сретна со жители на Кочани

Од:

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски денеска оствари средба со жителите од ромската националност на Кочани како и со претставници на здруженија на граѓани и невладини организации.

– Денеска сум овде заедно со Вас да ви ја изложам програмата на мојот кабинет и на Владата за решавање на статусот на ромската националност, како и подобрување на условите за живеење, школување, образование и воспитување. Во програмата за оваа и наредната 2018 година значајно место им се дава на Ромите, пред се во решавањето на прашањата за домување, образование и социјала, истакна Ибраимовски.

Жалам, продолжи тој, што во многу општини од државата, меѓу кои и во Кочани нема никакви акциони планови на локално ниво со кои ќе се подобри статусот на ромската заедница. Тому затоа, рече Ибраимовски, ветувам дека ќе дојдат подобри денови за ромската заедница во Македонија, во споредба со годините што поминаа.

На средбата жителите од ромска националност ги искажаа проблемите со кои се среќаваат секојдневно, а се однесуваат во делот на вработувањето, решаввањето на комуналните проблеми, како и проблемите со образованието и социјалата.

Следната сердба со граѓани министерот без ресор Самка Ибраимовски ја најави наредната недела во Прилеп и Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски