Министерот Беџети се сретна со француската амбасадорка Оер

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети на денешната средба со француската амбасадорка Лоренс Оер, изразил подготвеност за соработка со Република Франција во доменот на човековите права и судството, притоа заложувајќи се за интензивирање на билатералната соработка.

Амбасадорката Оер, како што соопшти кабинетот на Беџети, посочила дека ова и е прв состанок на министерско ниво откако ја има преземено амбасадорската функција, истакнувајќи дека надлежноста на правда е многу важна во делот на преговорите со Европската унија.

Франција, како што нагласила амбасадорката, се залага за натамошно продолжување на соработката во делот на реализација на проекти од областа на правото и билатерални проекти.

На средбата министерот Беџети ја информирал аммбасадорката Оер за активностите на кои во моментов е посветено Министерството за правда, ставајќи акцент на делот на законодавството кое е во насока на усогласување со легислативата на Европската унија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија