ВИДЕО: Министерот Арјанит Хоџа поднесе оставка од функцијата

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа поднесе оставка од функцијата заедно со двајцата заменици министри од БЕСА.

„Оставката ја давам поради нарушување на демократијата на локални овие избори со манипулативни методи од страна на ДУИ, а и поради се што се случи вчера, ден кој беше најсрамен во демократијата. Ако во 2016 беше соборен режим, другиот дел не беше соборен. Напротив, тие ги усовршиле своите методи на класичен режим“, рече Хоџа.

Тој вели дека движењето БЕСА работи достоинствено и така ќе продолжи со работа во локалната власт во општините Тетово и Желино.

Хоџа потенцираше дека немал контакт со нивниот сопартиец Кастриот Реџепи и ќе чека понеделник за тој да се произнесе зошто вчера не се појавил на собраниската седница каде што требаше да се гласа за недоверба на Владата.

„Доколку навистина тоа Реџепи го пишува е негов став, а очигледно не е став на партијата, ние секако дека ќе преземеме мерки во врска со неговата инволвираност во партијата“, рече тој.

Во врска со евентуалното влегување на партијата Алтернатива во Владата, Хоџа рече дека „тоа би било убиство, да се влезе во Влада каде што е и ДУИ“.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај