Министерот Ахмедовски во посета на Неготино

Од:

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски денеска беше во работна посета на Неготино и имаше средба со неготинскиот градоначалник Тони Делков. Ахмедовски рече дека како министер во Владата, надлежен за спроведување на Стратегијата за Ромите 2014-2020 година, ги посетува општините во кои има ромско население.

– Ова ни беше прва средба со градоначалникот на Неготино. Разговаравме околу надлежностите, помошта која може да ја добијат за проекти за инфраструктурни објекти кои се однесуваат на населени места во кои живее ромско население. Разговараме и околу вработувања на лица од ромска националност во општината и други институции. Мислам дека Неготино ќе добие референт за ромски прашања, како некои други општини, нагласи Ахмедовски, најавувајќи локален акциски план, кој е основа за соработката со општината.

И министерот и градоначалникот изразија задоволство од првичната средба и нагласија дека соработката ќе продолжи, во интерес на сите.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино