Министерот Адеми утре и задутре во посета на Обединетото Кралство

Од:

Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство.

Во рамки на престојот во Лондон, Адеми утре ќе се сретне со директорката на Одделот за Југоисточна Европа при британското Министерство за надворешни работи, Фиона Мекгилвам.

Исто така, тој ќе разговара со градоначалникот на Вандсворт, Лесли Мекдонел, општина во која што живеат значителен број македонски граѓани.

Утре попладне Адеми ќе ја посети црковната општина во Литлхемптон во Брајтон и ќе се сретне со државјани на Република Македонија кои живеат во тој град.

Адеми задутре ќе се сретне со министерот за Европа „во сенка“ во Лабуристичката партија, Халид Махмуд, додека попладнето ќе ја посети изложбата на теракоти од Виница во музејот Ашмолијан во Оксфорд.

Тој ќе разговара со претседателите на здруженијата на државјаните на Република Македонија во Обединето Кралство и ќе присуствува на приемот за претставниците на дијаспората организиран од Амбасадата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски