Министерот Адеми се сретна со сликарот Омер Калеши

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со сликарот Омер Калеши, кој е роден во Македонија, а живее и работи во Париз.

Како што информира Министерството за образование и наука, Адеми истакнал дека приоритет во неговата работа ќе биде продолжување на реформите во образовниот систем и дека придонесот на големите личности, како што е сликарот Калеши, се значајни за развојот на образованието и културата во Македонија.

– Двајцата соговорници дискутираа за организирање бројни ликовни изложби, како и за поддршката што може да ја даде сликарот Калеши во оваа насока, кој меѓу другото ја прифати и поканата да реализира посети по уметничките училишта за да може директно да помага во развојот на оваа област, соопшти МОН.

Министерството додава дека набргу во Македонија ќе биде отворена и галерија која ќе го носи името на сликарот Омер Калеши.

– Калеши на новоименуваниот министер за образование и наука му честиташе и му посака успех во работата, а воедно и му подари книга за неговиот личен живот и дело, од авторот Јордан Плевнеш, информира МОН.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда