Министерот Адеми се сретна со европратеникот Вајденхолзер

Од:

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми денеска имаше средба со пратеникот и потпретседател на Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент Јозеф Вајденхолзер, на која се разговараше за можноста за соработка меѓу Република Македонија и Европската унија.

Министерот Адеми го информирал Вајденхолзер за информацијата за национална стратегија и работните групи што ги формирал, кои, како што рекол треба да создадат можности и да го отворат патот за соработка меѓу државата и дијаспората.

Вајденхолзер, пак, како што информираат од кабинетот на Адеми, истакнал дека треба да се поддржат човековите права и слободи, слободата на мислата, совеста и религијата, пристапот до пазарот на трудот, како важен сегмент, но и дека дијаспората како дел од европските вредностие е важен фактор и дека различните култури стануваат уште побогати кога се поддржуват и дејствуваат заедно.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски