Министерката за правда Дескоска на состанок со Венецијанската комисија

Од:

Во Венеција, денеска и утре се одржува 116. Пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија), на која учествува и министерка за правда проф. д-р Рената Дескоска.

Дескоска ќе има повеќе состаноци со членовите на Венецијанската комисија и ќе се обрати на Пленарната сесија на која ќе биде биде разгледано и усвоено Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, соопшти Министерството за правда.

Според Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија кое неодамна е доставено до Министерството за правда, последните измени и дополнувања на Законот за Судски совет и Законот за судови ќе бидат оценети позитивно.

Во ова мислење е наведено дека новите институционални аранжмани и процедурални правила на подобар начин ја заштитуваат судската независност и поставуваат цврсти темели за добро функционирање на судскиот систем.

Во мислењето кое се очекува да биде усвоено денес, ќе бидат дадени и насоки за понатамошно подобрување на текстот на законите.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов