Министерката Канческа-Милевска го посети Детскиот театарски центар

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска работно го посети Детскиот театарски центар во Старата скопска чаршија и имаше средба со уметничкиот директор Бајруш Мјаку.

– Детскиот театарски центар придонесува во активностите за ревитализација на Старата скопска чаршија, како и за обединување на децата од разни етникуми во Македонија со големиот број претстави кои бесплатно ги реализира. Има  голем број едукативни програми, работилници за деца, читање сценарија кои потоа ги изведува…  и затоа сметам дека е многу важно функционирањето на оваа институција и Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ја поддржува нивната работа, рече министерката Канческа-Милевска.

Министерството ги поддржува проектите на ДТЦ од 2009 година со буџет од околу четири милиони денари. Уметничкиот директор, актерот Бајруш Мјаку, рече дека поддршката им е значајна зашто во последните две години Министерството им е единствен извор на финансирање на нивните проекти.

– Верувам дека отсега Министерството ќе не поддржува со уште повеќе средства за да продолжиме со нашата работа и да докажеме дека не случајно сме добитници на наградата „Мајка Тереза“ за хуманизам оваа година. Со средствата што ги добиваме од Министерството за култура правиме една до две претстави за деца и сите се бесплатни, истакна Мјаку.

За следната година ДТЦ аплицира за финансиска поддршка за три претстави, од кои една ќе биде куклена („Пипи долгиот чорап“) и ќе биде копродукција со театар од Белград.

Детскиот театарски центар има капацитет за 150 гледачи. Годишно продуцира по две претстави со 30 бесплатни репризни изведби, а го посетуваат над 13.000 деца од предучилишна и училишна возраст. Претставите се играат на албански јазик, со превод на македонски и на турски. Оваа година направиле и претстава на македонски и на албански јазик  („Да ти кажам една тајна за животната средина“) со која гостувале низ повеќе места, и тој е најсупешен проект од Македонија претставен во ЕУ во Брисел. Последната премиера ДТЦ ја постави во октомври – „Касета“ во режија на Софија Ристевска.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов