Министерката Јанкулоска во посета на поплавените кумановски села

Од:

Сите институции кои дејствуваат во насока на санирање на штетите од поплавите дејствуваат координирано, со цел да им се помогне на граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при посетата на селото Клечовце каде надојдената вода предизвика значителни штети.

– Она што ни е предизвик во моментов, токму во кумановско како Министертво за внатрешни работи е евакуација на луѓето кои, практично, останаа заробени во своите куќи во две населени места Довезенце и Шупли Камен. Во овие населени места неколку лица не можеа да ги напуштат домовите и за таа цел ние ги ангажиравме специјалните единици на МВР се со цел да им помогнеме на луѓето да бидат пренесени на безбедно онаму каде што нема да бидат загрозени од надојдената вода, рече министерката Јанкулоска.

Таа потврди дека токму во кумановско е и првата жртва од поплавите. Како Влада и како МВР и сите други институции кои заеднички дејствуваат во надминување на кризата со надојдените води, додаде таа, се преземаат максимални напори штетите да бидат што е можно помали.
Министерката го посети и населенното место Довезенце каде специјалните единици се на терен и работат на извелкување на лицата кои во моментов не може да ги напуштат домовите.
Таа потврди дека заради обилните дождови има огромни штети и дека одредени населни места се отсечени.

– И како член на Владата и како министер се обидувам на граѓаните да им ја пренесам пораката дека во рамки на можностите ќе се ангажираме максимално во ублажување на последиците од поплавите, порача министерката Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен