Министерката Јаневска се самопоканила на студентскиот собир

Од:

Министерката за образование не била поканета на вчерашниот студентски собир на платото пред УКИМ за оддавање почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Ваква информација добиле студентите од раковдството на Универзитетското студентско собрание дознава А1он.

Дел од студентите жестоко реагарале на тоа што министерката се обрати на собирот обвинувајќи за политизација на настанот.

„Ние не ја поканивме министерката. Сама ја известила рекорката“ – се вели во објаснувањето што го добиле студентите до кое дојде А1он.

Од друга страна дел од студентите здружени во Независно студентско собрание, најавуваат пленумска активност.

– Штотуку ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен. Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски! Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ. Студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите.Независното Студентско Собрание на УКИМ е хоризонтална самоорганизација на сите студенти на УКИМ. Ова се наши универзитет, се вели во соопштението од Независното студентско собрание.

Реакциите на студентите доаѓаат откако министерката за образование Весна Јаневска се обрати вчера пред платото на УКИМ на нивниот собир. Реакциите се насочени кох раководството на Универзитетското студентско собрание.

Претседателот на

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“