Министерката Апостолска се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Од:

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Ваутер Пломп.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, било изразено задоволство од долгогодишната добра економска соработка помеѓу двете земји и било констатирано дека постои простор за натамошно унапредување на бизнис релациите помеѓу холандските и македонските компании.

Соговорниците дискутирале и за економските сектори во кои холандските компании би имале интерес да инвестираат во Република Македонија, при што како можни сектори биле посочени хај-тек индустријата, туризмот, земјоделството и хортикултурата, како и текстилната индустрија.

Министерката Апостолска ги презентирала можностите за инвестирање во Република Македонија информирајќи го амбасадорот за политиките на Владата за странските инвестиции, како и за новиот модел за привлекување нови инвеститори. Таа ја нагласила важноста од транспарентност во целокупниот процес на привлекување инвестиции и еднаквиот третман на домашните и странските компании.

На крајот била договорена следна средба на Апостолска и Пломп во амабасадата на Кралството Холандија во Македонија, на која ќе присуствува и претставник на Македонско-холандската стопанска комора, а ќе се разговара за проширување на можностите за влез на холандски капитал во земјава.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски