Минибус излета од пат во Гостиварско, 14 повредени

Од:

Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, 10 годишно девојче во коматозна состојаба е пренесено на скопските клиники, а една повозрасна жена имала скршеници.

– Возилото, кое го управувал од 47-годишниот К.М. од Падалишта од неутврдени причини ислетало од коловозот и се превртело на покрив. При тоа вкупно 14 лица задобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот и три женски лица на возраст од 42 и 72 години, се згрижени во гостиварската болница, рече Јосифоски

Во гостиварската општа болница повредените се задржани и се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.

Наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски