А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мини филмски фестивал „Караван за детство без пречки“

by А1он21/11/2017 - 14:30132
Share0

Почнувајќи од утре, 23 ноември во текот на наредниот месец во шест општини низ земјата УНИЦЕФ во партнерство со Скопје филм фестивал организира мини филмски фестивал „Караван за детство без пречки“ за да се промовираат правата и способностите на децата со попреченост.

Следете a1on на Instagram Instagram

Утре во Свети Николе „Караванот за детство без пречки“ ќе биде пречекан од околу 400 деца и наставници, родители и претставници од локалната самоуправа. Тие ќе имаат можност да погледнат шест меѓународни, реномирани анимирани филмови на теми поврзани со попреченост кај децата, различности и инклузија. Воведни обраќања ќе имаат градоначалникот на Свети Николе г. Сашо Велковски и претставникот на УНИЦЕФ во земјата г. Бенџамин Перкс.

За време на настанот, деца и млади со попреченост од Свети Николе ќе зборуваат за своите надежи и планови, за предизвиците на кои наидуваат и за потребата од промена во односот на општеството кон попреченоста. Ќе им се придружат и Ема Ананиевска, пијанистка со оштетен вид и Ива Хаџиманова, ученичка во трето одделение која користи количка.

Ова е дел од новата фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“ во која се става акцент на потребата да се ослободи потенцијалот во секое дете.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 23 ноември караванот ќе биде во Кавадарци, на 28 ноември во Битола, на 11 декември во Штип, на 12 декември во Кичево и на 14 декември во Гостивар.

filmunicef

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски16/06/2026 - 10:4416/06/2026 - 16:40

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Горан Наумовски30/05/2026 - 18:37

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 09:25

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 00:0108/05/2026 - 22:14

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 09:16

Филмот „Мајка“ месецов ќе се прикажува во 230 киносали во Франција

А1он02/12/2025 - 20:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто