Минчев во Македонски Брод: Поддршка за европската иднина, но не по цена на македонскиот идентитет

Од:

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, на прашање од граѓаните на Македонски Брод, ја потенцираше јасната и принципиелна позиција на движењето во однос на прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

„Ние немаме ништо против ниту еден народ, вклучително и Бугарите. Не сме против нивното уставно спомнување, но бараме цврста гаранција дека тоа ќе биде последното барање од нашите соседи на патот кон Европската Унија“ – рече тој.

Тој истакна дека протоколите кои претходната Влада ги потпиша со Бугарија содржат сериозни замки кои директно го допираат националното достоинство и историската вистина за македонскиот народ.

„За нас е неприфатливо Гоце Делчев да биде прикажан како Бугарин. За нас е неприфатливо да се прифати дека македонскиот народ постои од 1945 година, и уште помалку да се нарекува бугарскиот фашистички окупатор администратор“ – додаде генералниот секретар.

Тој потсети дека Македонија веќе направила огромни отстапки на европскиот пат – со промена на името, знамето и уставни измени – и порача дека македонскиот народ нема да дозволи самопоништување и историски ревизионизам.

„Доста е! Ние сакаме европска иднина, но не по цена на нашата историја, идентитет и јазик“ – заклучи тој.

Движењето ЗНАМ останува посветено на заштитата на националниот интерес, достоинството на македонскиот народ и на евроинтегративниот процес, кој мора да биде базиран на реципроцитет, заемно почитување и фер однос.

Би можело да ве интересира

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

Минчев: Да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет

А1он

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции