МИМ: Згрозени сме од атакот врз новинарот Борјан Јовановски

Од:

Македонскиот институт за медиуми е згрозен од атакот врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство, на кого вчера на домашна адреса му беше доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“.

„Овој монструозен акт е јасен и недвосмислен повик за насилство не само кон овој новинар и кон неговото семејство, туку и кон сите слободни и професионални медиуми и новинари кои критички ги опсервираат состојбите во општеството.

Ги повикуваме надлежните органи, Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги пронајде сторителите, а од институциите бараме недвосмислено да го осудат и јавно да се дистанцираат од овој гнасен чин, кој сериозно ја нарушува безбедноста на новинарите, ги поткопува заедничките напори на институциите и целата професионална медиумска заедница за подобрување на медиумскиот амбиент и  испраќа многу лоша слика и порака кон меѓународната јавност за состојбите со слободата на изразување во Република Македонија“, се вели во реакцијата на Македонскиот институт за медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите