Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели наградите од конкурсот за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“.
На годинашниот конкурс се пријавија 18 автори со вкупно 28 стории обработени во 65 текстови и ТВ прилози што беа објавени во печатените и електронските медиуми во текот на минатата година.
Наградата се доделува по 12-ти пат, а од оваа година МИМ одлучи таа да го носи името на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа.