МИМ го откажа учеството на утрешната расправа за Законот за медиуми

Од:

Македонскиот институт за медиуми нема да учествува во како што вели, нацрт– фарсата и да го легитимира процесот за донесување Закон за медиуми, во кој вистинскиот и стручен дијалог е заменет со козметика и маалски шеретлук, соопшти денеска оваа инситуција.

Тие го откажуваат своето учество на утрешната расправа што ја организира Министерството за информатика доколку не се земат предвид аргументираните и сериозни забелешки на предложената легислатива од домашната медиумската заедница и релевантните меѓународни институции, организации и експерти, доколку вниманието на институциите не се насочи онаму каде што се реалните проблеми, доколку не се престане со јавно етикетирање и омаловажување на сите кои аргументирано и критички го опсервираат овој процес.

Македонскиот институт за медиуми во своето соопштение му го честита на Министерството за информатичка технологија и јавна администрација четвртиот нацрт на непотребната нова медиумска легислатива-општ закон за медиуми, и на упорноста да стави ред онаму каде што не е потребен, наместо онаму каде што се вистинските проблеми во медиумскиот простор.

„На пример, факт е дека Владата е најголем огласувач во електронските медиуми, факт е дека владејачката партија бесплатно се рекламираше во најголемите национални и локални медиуми на последните избори, факт е дека во Македонија веќе три месеци се држи новинар во притвор поради напишан текст, и тоа пред 5 години, факт е дека се уште не е утврдена одговорност за прекршувачите на Уставот кои ги избркаа новинарите од Собранието на 24 декември минатата година“, велат од МИМ.

Оттаму потсетуваат дека овие и многу други проблеми, кои резултираат со катастрофален имиџ на Македонија во светот по прашањето на медиумски слободи и демократските стандарди, не се плод на немањето медиумска легислатива, туку на други проблеми за кои и министерот и другите релевантни чинители од институциите се запознаени од поодамна.

„Шминкањето на нацрт- закони, гаѓањето со драфтови, амандмани и писмени забелешки (дали одбиени дали прифатени) и заморувањето на стручната јавност, медиумската заедница и граѓаните со демек, јавна дебата, нема да ги поправи состојбите“, додаваат од МИМ, од каде забележуваат дека нивните конструктивни и суштински забелешки се игнорирани, а утре се поканети да дебатираат за нов, четврт текст на закон кој воопшто не е објавен.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ