Милошоски: За тоа што и го направија на Македонија, Заев и Шекеринска ќе го добијат одговорот на 11-ти декември

Од:

– ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ градат за секого и помагаат на секого. Ние до сега бевме владеачка опција, ќе бидеме и после 11-ти декември, затоа да си помогниме и себеси, сите со пријатели, роднини и комшии да излезиме на гласање, да имаме убедлива победа, да имаме добра позиција и да можеме да си помагаме на сите наши луѓе и после овие избори, изјави на митингот во Ресен носителот на на листата на „Коалицијата за подобра Македонија“ во ИЕ5, Антонио Милошоски.

– Зборат за нас дека ова било режим, дека ова било диктатура, дека ова било фашизам, дека ова било автократија, зборат тие кој што кога народот ќе побараше пари за тутун, добиваше пендреци. Народот кога ќе побараше право на одговор, му викаа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Народот кој што во Кичево и Струга затоа што сакаа да останат свој на своето ги тепаа со полиција и тие денес зборат за режим и за диктатура, вели Милошоски.

– Во Македонија никогаш немало поголема демократија, но проблемот е што платениците на СОРОС ја злоупотребуваат таа демократија за да ја држат државата во заложништво, во грч две години ни одзедоја, две години во работа, за две години ќе направевме уште повеќе ако не ја направеа оваа политичка криза. Некои викаат дека господинот Заев нема ништо направено, некои зборат дека Шеќеринска не направила ништо… Не е точно, Шеќеринска и Заев имаат направено една голема политичка криза на штета на Република Македонија и за тоа што и го направија на Македонија ќе го добијат заслужениот одговор на 11 декември да одат во политичка пензија, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повика на протест: Прифаќањето на предлогот значи бугаризирани да влеземе во ЕУ

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме сите исти

Емир Латифовиќ

Телеграма со сочувство од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод смртта на Чашуле

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Димески: На Македонија ѝ треба твојата идеја!

Емир Латифовиќ

Град Скопје: Oбјектот на плоштадот ВМРО е во наша надлежност

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерен е ставот на СДСМ за кумановската акција

Емир Латифовиќ