(ВИДЕО) Милошоски: Власта брза да ги постави новите амбасадори, Арифи во САД, Талески за НАТО, Насев во Бугарија

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, праша дали и зошто власта брза да ги постави новите амбасадори Теута Арифи во САД, Дане Талески за НАТО, Мишо Докмановиќ во Израел и Сашо Насев во Бугарија. Според пратеникот, невкусно и непринципиелно е власт пред избори да именува амбасадори.

dobivaj vesti na viber

„Зошто испраќате политички амбасадори пред избори да не се доведеме во ситуација тие да бидат отповикани откако ќе се смени власта. Ќе ве потсетам на сличајот со Александар Николоски кој требаше да замине во Брисел токму пред избори. Можеби на овие луѓе сакате на овој начин да им се одолжите, но верувајте не им правите услуга“, рече Милошоски.

Премиерот Зоран Заев потврди дека двајцата од споменатите амбасадори ќе бидат испратени, без да посочи за кој станува збор, со напомена дека овие биле важни амбасадорски места кои треба да се пополнат.

„Не се мешам во изборот на имињата, иако знам дека за двајца имаат разговорно Претседателот и Министерот за надворешни работи. Според мене има доволно време пред избори да се изврши избор и овие лица да ги пополнат испразнетите места да се пополнат особено во НАТО“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

Ана Ололовска

Заев: Парламентот да ја поддржи реформата на администрацијата

Ана Ололовска

Пецаков до Заев: Граѓаните не се наивни, прекинете со предизборниот поткуп и корупцијата

Ана Ололовска

Подготвен закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж

Ана Ололовска

Пратенички прашања во Собранието

Ана Ололовска