Милошоски: Спортска сала во Битола, пат и обнова на пругата до Грција

Од:

Изградба на голем спортски центар во кој ќе има сала со шест илјади седишта, затворен пливачки базен, сала за боречки вештини и современа гимнастичка сала, им вети денеска на битолчани Антонио Милошоски носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 5.

– Овој нов спортски центар ќе биде еден од најдобрите во југозападна Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен, рече Милошоски по отворањето на регионалниот изборен штаб во Битола.

Тој најави и обнова на планинарскиот дом Копанки, а како капитален проект и изградба на магистрален гасовод, кој што од Неготино ќе доаѓа до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид-Струга. Во изборната платформа се предидени и експресен пат од Битола до Меџитлија и до индустиската зона Жабени, како и обнова на железничкото поврзување од Битола кон Грција, а со тоа и кон Солун.

– Се на се за градот Битола имаме проекти кои се дел од реалната програма на ВМРО-ДПМНЕ, не ветуваме брда и долини, но тоа што ќе го запишеме во програмата сакаме да го оствариме бидејќи овие избори не се ни први ни последни, многу ни важи зборот, угледот, довербата на луѓето, а досега истата сме ја оправдувале и ќе продолжиме во иднина да работиме така, истакна Милошоски.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата